July 15, 2010

MNM Srbija – Glogonj

admin
Topics:
Aktuelno

Ambasada Republike Makedonije obavestila je Makedonsku asocijaciju Republike Srbije o konkursu za studente stipendiste makedonskog porekla.
- Počeo je prijem zahteva za školsku 2010/2011 godinu.

- Zahtevi se predaju Nacionalnom savetu MNM u R. Srbiji.

Predstavnik nacionalnog saveta u Glogonju je KRSTIĆ SREĆAN, telefon013/627-237,   mob.064/12 85 900
koji će Vam pružiti bliže informacije.

…………………………………………………
Национални савет македонске националне мањине у Републици Србији Национален совет на македонското национално малцинство
во Република Србија

др Светислава Касапиновића бр. 2 – 26 000 Панчево, Телефон/факс: 013/280-456 е-маил: nsmakedonaca@nadlanu.com,
ПИБ 103791267,  ТР/ТС 160-162703-71

До претседателите на Македонски асоцијации во Р.Србија

Почитувани,

Од Амбасадата на Република Македонија во Белград, добивме известие дека Владата на Република македонија и оваа година распиша конкурс за стипендисти од македонското потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров за учебната 2010/2011 година.

Заитересирани кандидати треба, преку Националниот совет на МНМ во Р.Србија да достават следна документациа:

  1. Молба во која се наведуваат генералиите, како и желба на кој факултет сака да студира( со оглед на тоа што на поедини факултети бројот на студентите е ограничен, молиме кандидатите да наведат два факултети). Изминатите две години воспоставена е практика Владините стипендисти да бидат прерасподелени на факултетите надвор од Скопје, освен ако избраниот факултет го нема во друг град.
  2. Извод од матичната книга на родените, со документ со кој ке го докаже етничкото потекло, националноста ( изјава дека е Македонец )
  3. Фотокопија од сведИТелство за завршено средно образование Наведените документи под точка 1,2 и 3 треба да бидат доставени до Националниот совет на македонското национално малцинство до 30 јула 2010 година.

Оперативен план:

А) Разгледувањето на пристигнатите молби и документи на конкурсот, ке се изврши најдоцна до 20 август 2010 година, до кога треба да се донесе и одлуката за изборот.

Б) Рокот за прием на евентуални жалби односно откажувања до Секторот за национални приоритети е најдоцна до 05.септември 2010 година. За поднесените жалби Комисијата изготвува мислење најдоцна до 10 септември, по што најдоцна до 15 септември кандидатите треба да пристигнат во Македонија, односно во назначениот студентски центар.

В) Министерството за надворешните работи го надгледува пристигнувањето и сместувањето во студентските домови на избраните кандидати за Владини стипендисти за 2010/2011 учебна година во Македонија врз основа на направен распоред од Министерството за образованието и наука, додека МОН ја презема обврските за регулирање на статусот на студент во студентскиот дом, склучување договор за добивање стипендии и известување на Универзитетот за стекнување статус на студент на кандидатот.

Г) Избраните кандидати кои нема да пристигнат во Р.Македонија до 15. септември ке се смета дека се откажале од добиената стипендија.

За поопширно информисање во врска со факултетите и студиските програми Ве упатуваме на интернет страница www.mon.gov.mk

Дополнителни информации за запишувањето на македонските универзитети можат да се добијат во Националниот совет на македонската заедница во Р.Србија на тел/факс:013/25-80-456, моб.тел:062/80-30-330 од 8 до 15 часот и е-маил nsmakedonaca@nadlanu.com

По овластувањето на Владата на Р.Македонија
Национален совет на македонската заедница во Р.Србија
Претседател
Јован Радески с.р

Comments are closed.